Пролетен еко хепенинг за Денот на пролетта

Со голем Пролетен еко хепенинг што се одржа денес Младинскиот парк, Велес го одбележа Денот на пролетта и на екологијата, 21 март. Во оваа традиционална манифестација учествуваа голем број ученици од основните и од средните училишта од градот, средношколскиот дом и децата од детската градинка.

Добредојде на пролетта најмладите и посакаа со еко пораки до возрасните за зачувување на природата што се буди, за животна средина со чист воздух, вода и почва, за цветно опкружување и здрав живот.