Се превземаат конкретни мерки за спречување на туларемијата
Веднаш по добиените препораки од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денес градоначалникот Славчо Чадиев ги мобилизираше надлжените служби од локалната самоуправа и останатите засегнати институции од градот, се со единствена цел за превземање мерки кои се во насока на спречување на болеста туларемија.
Притоа на состанокот беше одлучено да се изврши вонредна дератизација на сите канализационите мрежи, а особено на ризичните жаришта каде постои од присуство на глодари. Покрај дератизацијата, ќе се започно и со итно воспоставување на пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода наменета за конзумирање од страна на луѓето. Приота ќе бидат исчистени и заштитните зони околу изворните подрачја со цел заштита од контаминација од глодари. Општина Велес континуирано ќе ја следи состојбата и ќе постапува согласно насоките и препораките на Министерството за здравство и Инспекторатот за животна средина.