Во Пробиштип се одржа традиционалната манифестација „Зелникот на баба“
На 20.03.2015 година во Пробиштип се одржа традиционалната манифестација „Зелникот на баба“ на која по четврти пат учествуваше и Општина Велес. Традиционалната велешка трпеза ја подготвија активистите на Организација на жени и Активот на жени пензионерки. И овој пат во конкуренција на 25 општини велешкиот штанд беше еден од најбогатите и најубавите.