Богата културна недела
Во рамките на манифестацијата „Град на културата“ изминатата недела се заокружија настаните поврзани со франкофонијата. На 18-ти март се проектираше култниот филм „Чадорите од Шербур“, а на 20-ти март се промовираше книгата „Атентат“ од Јасмина Кадар. Промотор на делото беше проф.д-р Ирена Павлова.
На 19.03.2015 година во Ликовниот салон се отвори изложбата на дела на академскиот сликар Ибрахим Беди.
Посебно доживување за велешани беше концертот на духовна музика што заеднички го организираа Општина Велес и Повардарската Епархија. Концертот се одржа на 21.03 (сабота) во храмот Св.вмч. Пантелејмон. На овој тн Великопосен концерт настапија Младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес и Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ од Скопје.
Во петокот (20.03.2015) со пролетни бои градот го закитија учениците од велешките основни и средни училишта и децата од градинката „Димче Мирчев“ кои во Младинскиот парк и посакаа добредојде на пролетта со голем Пролетен еко хепенинг.
Оваа недела, во пресрет на 27 март- Денот на театарот не очекуваат повеќе театарски претстави што во рамки на манифестацијата „Велес град на културата“ ги организираат Општина Велес и Народниот театар „ЈХК Џинот“.