СО ПОДДРШКА ОД НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ГЕМИЏИИ”, РАКОМЕТАРИТЕ НА ГРК „БОРЕЦ” ТРГНУВААТ ПО НОВИ УСПЕСИ'
Заврши зимската пауза во првата ракометна лига. Играчите на ГРК „Борец” викендов се враќаат на терен на куп-натпреварот против екипата на ХЈК „Работнички” кој се игра во недела од 19:00 часот. Од клубот очекуваат добри резултати. Екипата која во меѓувреме е засилена на центарската и на позицијата лев бек има за цел да го освои второто место на табелата со што ќе избори бараж за влез во супер лигата.
-„Викендов се враќаме на терен со куп натпревар против Работнички. Можам да кажам дека атмосферата во екипата е на високо ниво, се работеше добро и се надеваме на добри резултати.“ - рече Томе Бабунски, член на Управниот одбор на ГРК „Борец”.
Навивачката група „Гемиџии“ стана член на Управниот одбор на клубот со полно право да биде дел од одлуките кои се носат. Тие денеска најавија дека во претстојните средби ќе му дадат поддршка на клубот.
-„Ќе дојдеме во голем број. Овие играчи треба да имаат поддршка за да го дадат срцето на терен и да играат по храбро. Сакам да ги повикам сите кои сакаат да ни се придружат во недела да дојдат во новиот парк во поранешен офицерски дом и заедно да одиме на натпреварот.“ - истакна Ристе Најдов од навивачката група „Гемиџии“.
Пролетната полусезона во ракометната прва лига продолжува наредниот викенд. ГРК „Борец” во моментов е трет на табелата со седум победи и два порази.