Портретот на Петре Прличко ќе ја краси новата театарска зграда
Вечерва, по повод 27-ми Март – Светскиот ден на Театарот, во новиот објект на велешкиот театар се одржа пригодна свеченост на која што на директорот на установата Јордан Витанов, му беше предаден портретот на доајенот и бардот на македонската актерска уметност Петре Прличко. Делото чиј автор е велешкиот уметник Ангел Коруновски беше купено на аукција од страна на Ротари клубот од Велес во 2007 година, а тогашната идеја беше да се постави во новата театарска зграда по нејзината изградба.
Бијдеќи просторните условит во стариот објект на театарот не беа соодветни за чување на ова вредно уметничко дело, истото до денес се наоѓаше во кабинетот на велешкиот градоначалник. Вечерва, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со членовите на Ротари клубот, на свечен начин ја предадоа и поставија сликата во новиот и репрезентативен театарски објект. Во чест на денешниот ден посветен на актерството, се одигра и претставата „Приказни од шестиот кат”.