Продолжува реконструкцијата на велешкиот интернат
Во ОУД „Лазар Лазаревски” продолжуваат градежните активности за замена на столаријата. Постојните врати и прозорци се менуваат со нови изработени од „ПВЦ” материјал. До крајот на месецов ќе бидат променети 28 врати во спалните соби на учениците, на први и втори кат, и 31 прозори со термопан стакло.
Во увид на активностите денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од досегашиот тек на работите. Првиот дел од промената на столарија во ОУД „Лазар Лазаревски” заврши во јануари 2014 година и беа сменети 12 врати од спалните соби на учениците на приземје и 19 ПВЦ врати во санитариите. Со ова комплетно се прави промена на сите врати од спалните соби во целиот ученички дом, а притоа во голема мера се подобруваат и условите за престој на 300 ученици во велешкиот интернат. На овој начин прават и значајни заштеди на електрична енергија. Инаку во интернатот тек е и постапка за набавка на лап - топи, кои се наменети за читалната, така што учениците ќе имаат современи услови за учење.