Кошаркарите на Средното економско училиште „Јовче Тесличков“, се трети во земјава

Кошаркарите на Средното економско училиште „Јовче Тесличков“, се трети во земјава. Тие освоија бронзен медал на Државното првенство во кошарка за средни училишта, кое се одржа во Кавадарци. Во борбата за третото место, средношколците од Економска ја победија екипата на струмичката гимназија „Јане Сандански“ со 59:48, а играчот Никола Зафирчев е избран во најдобрата петорка на првенството.

Тренер на екипата е Ангел Љутков, а во составот на екипата се наоѓаат играчите Мартин Караколев, Иле Михајлов, Јорданче Тошев, Филип Маџуркаров, Ренато Темелков, Никола Зафирчев, Александар Гочевски, Кристијан Насевски, Горјан Стојчев, Бојче Есенчев, Христијан Кошинов и Кире Брчков.