Театарска претстава „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“

Вчеравечер на големата сцена во велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот” гостуваше најизведуваната претстава на МНТ ,,Сомнително лице”. Претставата е адаптација на делото на Бранислав Нушиќ, а режисер е Синиша Ефтимов. За костимографијата се погрижи Лира Грабул, а за сценографија Љубо Јованоски.

Актери кои ја изведоа комичната претстава беа: Александар Микиќ, Оливер Митковски, Софиа Насевска Трифуновска, Никола Ристановски, Нино Леви, Ванчо Петрушевски, Магдалена Ризова-Черних, Сашко Коцев, Гораст Цветковски и Емил Рубен.