Се поставуваат столчиња на трибините од Градскиот стадион

Овие денови во тек се интезнивни градежни активности за поставување на првите столчиња на трибините од Градскиот стадион. Станува збор за 1.000 столчиња кои се обезбедени од Агенција за млади и спорт на РМ. Стадионот минатата година доби нова подлога, вештачка трева погодна за одигурување и на меѓународни натпревари.

Сите овие напори значат севкупно подобрување на фудбалската инфраструктура во градот, со што ќе се придонесе за развој на фудбалот како еден од најпопуларните спортови. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев при денешниот увид на активностите на Градскиот стадион, најави дека Велес продолжува со негување на спортскиот дух на велешани и создавање услови за реализирање на оваа цел, а целосната реконструкција на стадионот е само продолжение на овие напори.