„Априлијада“

 

Во организација на Општина Велес, во рамките на манифестацијата „Град на културата за 2015“, најмладите велешанчиња од детската градинка, седумте основни општински училишта и другарчињата од ПОУ „Маца Овчарова, на 1-ви Април ќе го празнуваат Денот на шегата. И овојпат со првоаприлско дефиле по улиците на градот, со разнобојни костими, песни и насмевки ќе се реализира традиционалната „Априлијада“.

Ве покануваме во амфитеатарот во Младинскиот парк, во среда на 1-ви Април во 11 часот да бидете и Вие дел од овој несекојдневен настан исполнет со радост, креативност и безгранична фантазија.