Денес е светскиот ден на аутизмот
Денес по осми пат се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем.
По тој повод во Младинскиот парк се организираше манифестација на која што се одбележа денешниот Светски ден. На настанот се обрати и организаторот, родител на дете со аутизам, кој пред присутните со искрени зборови побара децата со аутизам да бидат прафатени што повеќе од средината.
Воедно беше упатена и благодарност до градоначалникот Чадиев, поради поддршката на денешниот настан и децата со аутизам воопшто.
Во рамкиите на денешните настани и меѓународната кампања, вечерва новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот” ке се осветли во сина боја, со цел да се подигне свеста на јавноста за аутизмот.
Голема благодарност на денешниот настан упати и градоначалникот Чадиев за прекрасниот подарок на младиот Кристијан Андреев, кој на првиот човек на Велес во своето сино писмо му изрази огромна благодарност за иницијативата Велес да се обои во сино, преку осветлувањето на театарот .
Кристијан своите мисли ги преточил на лист хартија при што се потрудил писмото да започнува со првите букви од името на градоначалникот Славчо Чадиев .
„Секогаш сте овде за лицата со посебни потреби
Лојален на своите грагани, единствен
Аутизмот го подржувате мегу првите во Македонија
Вие сте градоначалник што би посакал секој град
Човек од збор за сите нас
Останете засекогаш каков што сте.”
Аутизмот претставува нарушување на невролошкиот развој, кое го имаат десетици милиони луѓе низ светот, а кое кај мажите се јавува четирипати почесто отколку кај жените. Родителите на децата со аутизам најчесто ги забележуваат знаците во првите две години по раѓањето.