Се гради потпорниот ѕид на новиот кружен тек

Општина Велес ги отпочна градежните активности за изградба на потпорен ѕид на новиот кружен тек на влезот во градот. Истиот ќе се протега по целиот кружен тек, а неговата висина ќе изнесува околу 3 метри. Целта е да се спречат одрони на земјиштето.

Со изградбата на потпорниот ѕид нема да завршат градежните работи на оваа локација локација. Во наредниот период ќе биде направен и тротоар, за да се зголеми безбедноста на пешаците, а ќе се постави и осветлување за поголема прегледност.