Детската градинка „Димче Мирчев“ го одбележува патрониот празник
Детската градинка „Димче Мирчев“ денес го одбележа својот патронен празник. На овој настан присуствуваше и Градоначалникот Чадиев кој со положување на цвеќе ја изрази својата почит и благодарност.
На бистата на народниот хереј Димче Мирчев цвеќе положија делегација Општина Велес, дечињата и вработените од градинката и членови на ОО на СЗБ од НОВ од Велес.
Дечињата облечени во пилоти и стујардеси одиграа прекрасна претстава, која ги воодушеви присутните.