7-МИ АПРИЛ СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Вработените и менаџерскиот тим на велешката болница денес свечено го одбележаа 7-ми април - Светскиот ден на здравјето. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот м-р Славчо Чадиев.

На самиот почеток од свеченоста директорот на болницата д-р Атанас Василев презентираше детален извештај, истакна дека добрата организација во болницата, вистинските луѓе и апаратурата, како и знаењето, придонесуваат да се извојува победата во борбата против болестите. 

Болницата е опремена и модернизирана со најсовремена апаратура.

Истакнувајки ја и темата на Светската здраствена организација за 2015г. која гласи „од нива до чинија“ со поткрепени факти ја поздрави ваквата иницијатива затоа што , целта е да се подигне свеста за консумирање на приордна и чиста храна која не придонесува до нарушување на здравјето.

Светската Здравствена Организација, е организација на Обединетите нации која делува како кординативно тело на меѓународното јавно здравство со седиштето во Женева, Швајцарија.

На вработените кои заминуваат во пензија им беа доделени признанија, како и на повеќекратните крводарители од персоналот на велешката болница.