Манифестација „Велигденско јајце“

Традиционалната манифестација „Велигденско јајце“ оваа година се реализираше во рамките на „Велес град на културата“. Организаторот Општина Велес заради лошите временски услови „Велигденското јајце“го реализираше во поливалентниот простор на училиштето ООУ „Блаже Конески “.

На оваа манифестација учесници беа ученици од сите основни и средни училишта, Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“, ПОУ „Маца Овчарова“, волонтерите на ОО Црвен крст Велес, Дневниот центар на лица со посебни потреби, БС „Анабела“ и Детската градинка „Димче Мирчев“. Кон шаренилото на велигденските јајца, креативноста и вештината на најмладите, се придружија и Организацијата на жени и Активот на жени пензионерки кои ги прикажаа традиционалните специјалитетите од велигденската трпеза. 

Градоначалникот Славчо Чадиев на денешната манифестација додели благодарници на сите учесници на оваа манифестација, истакнувајки дека неговиот кабинет ќе го дочека големиот христијански празник – Воскресение Христово во убава празнична атмосфера создадена од велигденските јајца декорирани од најмладите.