Театарска претстава „Живот во тесни чевли“

На Големата сцена на новата театарска зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, а во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата за 2015 година“ вечерва беше изведена претставата „Живот во тесни чевли“. Автор на претставата е Душан Ковачевиќ, а истата е во режија на Ненад Витанов.

„Живот во тесни чевли” е современа, социјална, црна комедија со мелодрамски елементи. Авторот на мајсторски начин ги испреплетува комичното и трагичното, рационалното и апсурдното, суровото и хуманото, реалноста и телевизијата, животот и смртта.