Честитка од градоналникот Славчо Чадиев за Светскиот ден на ромската заедница – 8-ми Април

Почитувани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на сите припадници од ромска националност им го честитам Светскиот ден на ромската заедница – 8-ми Април..
Овој светски празнуван ден е само уште еден поттик за засилување на меѓуетничката соработка, градење на мултиетничко општество, мотив за бришење на стереотипите и предрасудите, затоа што сите заедно можеме подобро да градиме иднина.

Општина Велес во интерес на што побрзиот прогрес на развојот на ромската заедница реализираше и во тек на реализација се бројни проекти за подобрување на стандардот и условите на живот на Ромите.
Посебно значаен е проектот за Инклузија на деца Роми во предшколските установи кој се имплементира веќе 6 години.
Во моментов тече реализација на проектот за реконструкција на 4 улици каде живее ромско население. Овој проект се реализира во рамките на Декадата на Роми, а со финансиска поддршка на Владата на Република Македонија и Општина Велес.
Оваа година завршува Декадата на Роми , но Општина Велес и во иднина ке продолжи со напорите за целосна еманципација на Ромите следејќи ги насоките од Националната стратегија за Роми на Република Македонија.


м-р Славчо Чадиев,
Градоначалник на Општина Велес