Градоначалникот оствари средба со жителите од МЗ „Сливник“

Градоначалникот оствари средба со жителите од МЗ „Сливник“.
Агендата на градоначалникот Славчо Чадиев за посети и средби со граѓаните од Урбаните и Месните заедници во Општина Велес продолжи и денес со посета на МЗ „Сливник”.
Градоначалникот Чадиев на средбата ги запозна жителите со предвидените проекти кој треба да се реализираат во оваа месна заедница и се од инфраструктурен карактер.

Ваквите средби се особено значајни за непосредна комуникација на жителите со локалната самоуправа. На овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите жители.