ХИГИЕНАТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ
По повод Неделата на хигинизација што Црвениот крст на Р.Македонија ја одбележува од 08-ми до 15-ти април, во соработка со Општина Велес се изврши едукација за значењето и начините на одржување на личната хигиена и за здравите навики што водат кон подобро здравје.
Учениците од основните училишта во Градот од петто и шесто одделение имаа можност да го слушнат предавањето на тема „Хигиената е половина здравје“ која ја изведе д-р Марија Давчева инспектор за храна при Агенција за храна и ветеринарство и Претседател на Секцијата за хигиенизација при ООЦК Велес.
Истото предавање ке се презенетира и пред учениците од основните училишта од с.Оризари и с.Иванковци.