Финишира изградбата на фабриката „Маркарт” во Велес

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев заедно со стручните служби на локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја посети Индустриската зона „Караслари” и направи увид на градежните активности кои во моментот се одвиваат.
Притоа заедно со Генералниот директор на „Маркарт“ во Македонија, Волфганг Аихер ја посетија локацијата на која германскиот инвеститор „Маркарт“ интензивно ја гради својата фабрика.

Според она што можеше да се погледне на терен, градбата на фабриката вредна над 35 милиони евра, е во завршна фаза. „Маркарт” интензивно се подготвува за финиширање на подготвките за работа и започнување на производство, во кое ќе се прозиведуваат делови за автомобили.
Реализацијата на сите активности на првиот странски инвеститор во Велес во планираното време е доказ за доброто бизнис опкружување кое го има општината.