Увид за градежните активности во Хабитат, Тунел и Керамидна

Градоначалникот Славчо Чадиев денес ја продлжи работната агенда реализирајќи бројни теренски активности. При денешната посета на населбата „Хабитат“ заедно со стручните служби на локалната самоуправа направи увид за локациите каде во наредниот период ќе следат градежните активности. Притоа го разгледаа местото каде што ќе започне изградбата на новиот потпорен ѕид а ќе биде извршено и уредување на улицата. Потпорниот ѕид е од голема и приоритетна важност за изградбата на улицата која ке води до новите станбени згради. Со изградбата на овој ѕид ке се спречи понатамошно одронување и опасност, со што ке се зголеми и безбедноста на патот.

Исто така ја посети населбата „Тунел“ .Добрите временски услови ги најавија градежните активности. Како што се мини паркинг, асвалтирање на повеке улици и поставување на летниковец кај чешмата.

Оваа седмица треба да започнат градежните активности кој се однесуваат на местење на канилазционен систем и цементирање на улицата „Наце Димов“.Со ова земјената и слабо пристапна улица кај Керамидна како и краците ке добијат нов изглед и пристапност.