ВИНСКИТЕ ПАТИШТА НА ВАРДАРСКИОТ И РЕГИОНОТ АЛЗАС

На билатералната средба која се одржа денес, домаќин беше Велес како седиште на Вардарскиот плански регион. На средбата присуствуваа амбасадорката на Франција Оер, претставници на министерствата и општините од Вардарскиот регион, гости од регионот Алзас, претставници на здруженијата, асоцијациите, винарските визби и производители на вино.

Средбата на која се започнува билатерална соработка значи спојување на културните, развојните аспекти и цивилизациски вредности на две различни култури на европското тло.

„Со оглед на фактот што винопроизводството е оној специфичен бренд што ги поврзува нашите два региона, одлучивме оваа соработка да ја започнеме токму во областа на развојот на винските патишта. Токму затоа денеска ги воспоставуваме првите контакти помеѓу Советот и центарот за развој на Вардарскиот плански регион од една страна и Асоцијацијата Алзас Македонија со клучните организации и асоцијации од регионот Алзас. Особено е важно што на средбите присуствуваат претставници на винариите, индивидуалните производители, енолозите и професионалците за вински туризам кои ќе бидат главните актери во ова долгорочна соработка“ Изјави Градоначалникот Славчо Чадиев.
Винските патишта претставуваат израз на специфичностите што ги поврзуваат нашите два региони, помеѓу Вардарскиот плански регион и регионот АЛЗАС и што овозможува долгорочно да се воспостави блиска соработка помеѓу професионалците во областа на винопроизводството, експертите, енолозите, винариите индивидуалните производители.
Она што не прави особено горди и ја потврдува ориентацијата на ВПР кон винопроизводството и винскиот туризам, е признанието за квалитетот на нашите производи од француските експерти чиј бренд препознатлив во светот е токму виното.