Градоначалникот изврши увид на градежните активности

Денешната агенда на градоначалникот Славчо Чадиев продолжи со увид на работата на локациите каде се одвиваат интензивни градежни активности.

Во близина на ,,Малото мовче" во тек е изградба на паркинг-простор кој ќе биде наменет за околу 60-65 возила.Со овој паркинг простор ке се растерети метежот и отежнатиот сообракај во овој дел на градот .

Увидот продолжи на веќе бетонираните краци на улицата ,,Наце Димов" во населба „Керамидна“ на површина од околу 350 м2. Средствата за оваа намена се во висина од 200.000 денари. Проектот за уредување на улицата започна и заврши оваа седмица.
Градоначалникот изврши увид и на градежните активности кои се превземаат на новиот мини паркинг простор во населбата „Тунел“ .
Пролетните градежни активности низ Општина Велес продолжуваат и во наредните денови.