Со еко хепенинг обележан роденденот на планетата Земја
Со голем еко-хепенинг што се одржа денес во Младинскиот парк, Велес го обележа Роденденот на планетата Земја 22-ри Април. Како град докажан борец за здрава животна средина и со овој настан потврдуваме дека сите генерации на Велес се свесни за значењето на екологијата.
Во оваа традиционална манифестација учествуваа голем број ученици од основните и од средните училишта од градот, средношколскиот дом и децата од детската градинка.
Велес е еколошки град кој се бори против загадувањето. Во ова време кога со сите сили се трудиме преку заштитата на околината и енергетската ефикасност да ги намалиме емисиите на јаглерод диоксид особено е важно активното учество на младите.
Најмладите упатија еко пораки до возрасните за зачувување на природата што се буди, за животна средина со чист воздух, вода и почва, за цветно опкружување и здрав живот.
Планетата страда од несовесното однесување на човекот. Климатските промени, уништувањето на шумите, намалување на озонскиот слој, намалување на богатството од растителни и животински видови се проблеми пред кои сме соочени на глобално ниво. Последиците кои тие ги предизвикуваат врз животната средина и здравјето на луѓето се огромни. Нивното решавање нема да биде едноставно, но со ваков пристап на младите верувамe дека ќе успееме да обезбедиме здрав живот за сите сегашни и
генерации.