Волонтери на „Хабитат“ на средба со Градоначалникот
Волентерите од „Хабитат“, остварија средба со првиот човек на градот м-р Славчо Чадиев. Искрените зборови и волјата да помогнат во изградбата на новите објекти се знак на искрено подадената рака на помош и пријателство и сатисфакција за поминатите илјадници километри за постигнување на единствената цел – хуманата мисија.
Градоначалникот при своето обракање изразувајки го своето задоволство им посака топло добредојде и пријатен престој во Велес. Го поздрави нивниот гест на добра волја и волонтерската работа со која помогаат при развојот на Општина Велес.
Оваа е една од повекето волонтерски групи на Хабитат кои со нивната работа придонесуваат за изградбата на становите за млади брачни парови и лица со ниски примања кои се градат преку американски грантови.