Се потпиша програмата за соработка со АЛМА

Сериозноста на нашите взаемни заложби ја потврдува фактот што денес во Велес, градоначалникот Славчо Чадиев со господинот Жак Шлеф ја потпишаа петгодишната програма за соработка помеѓу Советот за развој на Вардарскиот плански регион и АЛМА во областа на винските патишта, културата и младите.

Во овие три области во наредните 5 години ќе бидат фокусирани сите активности, енергија и идеи.

- „Се надевам ова ново пријателство ќе донесе придобивќи за граѓаните на двата реѓиони и дека ќе отвори нови можности за билатерална соработка, фокусот е на виниските патишта затоа што веке потврдивме дека тоа е клучната област што не поврзува како региони. Културата во сите аспекти како и образованието и мобилноста на младите исто така ке бидат предизвици за нашата соработка.“ - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Со активно учество во овој процес на заемно запознавање и промоција ке се придонесе во создавање на една успешна билатерална приказна во Европа.
Искрена благодарност на Министерствата за локална самоуправа и земјоделство, шумарство и водостопанство, УНДП, Амбасадата на Република Франција, АЛМА, општините и сите поединци и организации кои придонесоа за воспоставувањето на оваа соработка.