СЕ ПОСТАВУВА НОВ ЗАБАВУВАЧ НА БРЗИНА НА ПАТОТ

На неколку сообраќајници во Општина Велес овие денови се поставуваат забавувачи на брзина на патот. На локацијата спрема Гимназијата „Кочо Рацин” се поставува еден од овие забавувачи на брзина кои имаат за цел да ја зголемат безбедноста и заштитата на пешаците во сообраќајот, како и избегнување на сообраќајните незгоди кои најчесто се случуваат поради неприлагодена брзина на патот.