123 метри кубен отпад исчистен од дивите депонии

Согласно зацртаните активности од Програмата за управување со отпад за 2015година, за чистење на диви депонии во урбана средина, на патиштата и во природа, Општина Велес и ЈКП “Дервен” спроведоа активности за чистење на дивите депонии на следните локации: патен правец Велес-Башино село, Зелен појас во близина на Топилницата, простор позади паркинг-плацот на Локалната библиотека „Бели Мугри“, простор позади колективни станбени објекти на улица „Димитар Влахов“ (ИМПРЕС), брег до амбуланта “Панче Васков”, улица “Партизанска”, простор на улица „Димитар Влахов“ (брег на река Вардар), простор на улица „Петре Прличко “(во близина на Факултет за туризам и угостителство), простор на позади гаражи на „Парк Каршијака“.

Иако состојбата со постоењето на диви депонии од година во година се подобрува, Општина Велес апелира до сите граѓани соодветно да постапуваат со отпадот кој го создаваат. Во општината обезбедени се сите предуслови за тоа - постоење на депонија за земја, шут и друг градежен материјал и достапна услуга за собирање и транспортирање на комунален, комерцијален и индустриски неопасен отпад од страна на ЈКП „Дервен“.