112 години од динамитните акции на Гемиџиите

Општина Велес достојно, онака како што им прилега на најголемите македонски синови, ја обележа 112 годишнината од Солунските атентати, обмислени и извршени од Гемиџиите во периодот од 28-30 април 1903-тата во Солун.

 

Делегации од Општина Велес, институции, граѓански организации и групи се поклонија пред делото на Јордан Поп Јорданов - Орцето, Димитар Мечев, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, Павел Шатев Марко Бошнаков, Цветко Трајков .... храбрите момчиња од Велес, Ресен, Охрид и Кратово кои му кажаа на светот дека постои земја што се вика Македонија и народ македонски.

Спомениците во Велес и Скопје и гробот на најмладиот Гемиџија Милан Арсов во с. Ораовец денес беа посетени од нивните следбеници и чувари на историската вистина за Македонија.