„Драгон кунг фу“ од Кина го затвори „Танц-фестот“„Драгон кунг фу“ од Кина го затвори „Танц-фестот“

На сцената на Народниот тетар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, вчеравечер со настапот на кинеската атракција Драгон Кунг фу танцовата компанија од Пекинг го затвори 11-тото издание на „Танц фест“.

 

Велешани имаа несекојдневна можност да го проследат настапот на 11-члената екипа која го изведе проектот „Кунг фу танц” – комбинација од борачки вештини и танц.

Во пет сцени беа презентирани традиционалната култура и современата уметност во Кина, во која борачките вештини се традиционален спорт, но и мошне ценето културно наследство.

На настанот присуствуваа Амбасадорот на НР Кина во Македонија Н.Е. Вен Зеншун, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, градоначалникот Славчо Чадиев и други гости вљубеници во танцовата уметност.

Инаку, компанијата е основана во 2006 година од светски позната кунг фу ѕвезда Џеки Чен. Вклучува членови од престижни кунг фу групи од Кина и сите имаат богато изведувачко искуство на кунг фу техниките.