Во тек е изградба на заштитен ѕид кај езерото „Младост“
Во тек е изградба на заштитен ѕид кај езерото „Младост“, чија должина изнесува околу 270м. Овој ѕид се гради со цел заштита од оштетување на водоводните цевки. Со ова ќе се овозможи и изградба на патека за пешаци со што ќе се зголеми безбедноста на патот. Во должина на патеката која ќе се протега над ѕидот ке се монтира и ограда- ракофат поради побезбедно движење на пешаците.