ОБУКА ЗА МЕНТОРСКО ВОДЕЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Денес во просториите на Општина Велес во рамките на реализирање на проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост, се одржа втората обука „Насоки за почнување и спроведување на успешна програма за менторство и менторско водење на лица со попреченост“.
Теми кои се обработија на обуката:
- Клучни работи за успешно вработување на лицата со
попреченост; - Менторство;
- Мотивација со основни елементи на мотивација.
Целта на Обуката за менторско водење е на учесниците да им даде практични вештини за менторирање. Менторирањето како процес може да се случува формално и неформално и оваа програма има за цел да го олесни извршувањето на улогата на ментор преку методологија на менторирање, ориентација и осмислување на работните задачи, како и редовно известување на покажаниот напредок, успеси и области каде е потребно подобрување.
Обуката ја следеа: Организации на лица со попреченост, Компании од приватниот сектор, претставници од државни и јавни иституции.