Учениците патуваат за Франција
Од 11-ти до 18 мај годинава Делегација на Општина Велес во придружба на професори и ученици од 4-те средни училишта ќе престојува во збратимениот град Шербур-Октевиљ, Република Франција.Со што започнува реализацијата на проектот „Споделено наследство“.
По тој повод градоначалникот оствари средба со учениците кои ке учествуваат во овој проект и нивните родители. Целта на овој проект е да се продолжи со билатералната соработка на планот на образованието и заеднички да се придонесе за развојот на свеста на младите генерации за заштитата на културното наследство и животната средина.
Во изминатиот период Општина Велес, со апликација во програмата обезбеди доволно средства за реализација на проектните активности, а вкупниот буџет во ова фаза е 12.000 евра.
Учениците ќе имаат заеднички училишни активности, но и можност да посетат значајни културни знаменитости во Шербур.