Честитка од градоналникот Славчо Чадиев за Денот на македонска полиција - 7 мај

Почитувани,
По повод 7-ми Мај – Денот на македонската полиција, дозволете ми во мое лично име, во името на Советот на Општина Велес и на граѓаните на Општина Велес, да упатам најискрени честитки до сите припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Граѓаните се свесни за Вашата посветеност во чувањето на редот и законот, слободата и демократијата. Свесни сме за предизвиците и ризикот со кој Вие секојдневно се соочуваате . Вашата одлука да ги штитите граѓаните и нивните права загарантирани со Уставот на Република Македонија, Ви натовари големо бреме и одговорност, но истовремено Вашата посветеност кон работата, надополнета со љубовта кон татковината Ве направи херои, примери достојни за почит на младите генерации.
Честит празник на сите Вас!
Со почит,
Славчо Чадиев,
Градоначалник на Општина Велес