Одбележан Светскиот ден на медицинските сестри

Во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ денес се одбележа Светскиот ден на медицинските сестри, празнуван во чест на денот на раѓањето на најпознатата медицинска сестра во историјата – Флоренс Најтингејил.
„Горд сум што од името на Советот на Општина Велес и од мое лично име имам можност на медицинските сестри, акушерки и техничари од Република Македонија да им го честитам 12 Мај – Светскиот ден на медицинските сестри и 5-Мај – Светскиот ден на акушерките“ -рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Нивната хумана професија, зборот на утеха, срдечниот однос, несебичното залагање, стручност и професионалност се основата на здравството. Тие се првите помошници на лекарите и најприсутните во лекувањето на пациентите. Ниедна медицинска услуга не може да помине без добра медицинска сестра, ниедно породување без добра акушерка, ниедна дијагноза без точен лабораториски наод.