Саем за бизнис и претприемништво
По 7-ми пат се одржа Саемот за бизнис и претприемништво при ССОУ „Јовче Тесличков“ на која учествуваа 8 виртуелни компании.
Иако поводот за денешната средба беа виртуелните компании претставени на Саемот за бизнис и претприемништво, се нагласи и успехот на учениците во сите области, а со тоа и сестраноста и хармонијата што владее во оваа образовна институција и пред се можноста талентите да се издвојат и им се даде прилика да напредуваат во областите што им лежат.
„Продолжете да бидете креативни и да не изненадувате со нови и нови модели на претприемништво, да ги следите светските економски трендови, да го откривате вистинскиот свет на бизнисот, движечката сила на светот. Во Вас го гледам економскиот развој на Велес и новото време на успех што ги очекуваат сите граѓани“- рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Струките и профилите што се изучуваат во ова училиште стануваат интересни за бизнис заедницата.