Градоначалникот Славчо Чадиев изрази сочуство за загинатите полицајци во Куманово

Граѓаните на Велес длабко ги потресе веста за загинувањето на припадниците на македонската полиција во борбите со вооружените групи во околината на Куманово. Во толку трагични моменти тешко е да се најдат зборови за утеха на семејствата на настраданите херои кои застанаа на браникот на мирот и безбедноста во Република Македонија.
Советот на Општина Велес, јас лично и граѓаните на Велес најостро го осудуваме обидот за дестабилизација на Македонија и нарушувањето на мирот и спокојството на нацијата, обидите за меѓуетничка дестабилизација и посегањето по суверенитетот на државата.

Општина Велес дава целосна поддршка на Владата на Република Македонија во одбраната на политичката и економската стабилност на државата.
Во името на Советот на Општината и во свое име, на семејствата на настраданите им упатувам искрено сочувство. Споменот на овие македонски синови граѓаните на Велес ќе го чуваат со пиетет и почит. На бранителите на Македонија повредени во овие вооружени судири им посакувам што поскоро оздравување.
Градоначалник на Општина Велес,
Славчо Чадиев