Отворена изложбата „Обединети сме посилни”

Денес во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” беше промовирана изложбата „Обединети сме посилни”, која е во организација на Државниот архив на Република Македонија - Одделение Велес и Општина Велес. Изложбата за отворена ја прогласија д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија и Петре Саздов, член на Советот на Општина Велес.

Изложбата е обработена по повод 70-годишнината од победата над фашизмот, а е составена од плакати со антинацистичка пропаганда, фотографии од војниците на Антихитлеровата коалиција како и фотографии од мировните конференции односно средбите на големите светски лидери од тоа време. Пропагандните плакати и фотографиите прикажани на изложбата се од периодот 1941 - 1945 година. Изложбата „Обединети сме посилни“ на 6 мај 2015 година беше отворена во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје и таму беше изложена до 15 мај 2015 година.