Градоначалникот Славчо Чадиев ви го честита државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес на сите просветни работници, ученици и сите граѓани на Велес им го честитам државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Просветителскиот дух што ги водел светите браќа пред 12 века, желбата да се описменат што повеќе Словени, да се доближат до науката и до Бога, го означи почетокот на интелектуалната преродба на словенските народи.
Сето она што денес Македонија го гради во светот, како единствен македонски идентитет се должи на нивната безвремена намера – да го доближат зборот до оние што неможат да го чујат сега и овде. Да го направат разбирлив јазикот на другите народи, да го пренесат својот јазик, својата мисла, својата култура и вредности на другите народи и на следните генерации.
Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј!
Со почит!
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес