ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ ПОСТОИ ВОНЗЕМСКИ ЖИВОТ ВО СТРАТОСФЕРАТА НАД МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Славчо Чадиев денес во просториите на Општина Велес одржа работна средба со Милтон Венрајт, британски микробиолог познат по своето истражување дека вонземски живот може да се најде во стратосферата. Неговите истражувања овој период се сконцентрирании и во стратосферата над територијата на Република Македонија. Заедно со македонски научници кои се дел од Славјанскиот универзитет наскоро ќе го направат и првиот ескперимент со пуштање на пробен балон на висина од 30.000 до 40.000 метри кој ќе ги собере микроорганизмите, за кои Венрајт смета дека доѓаат од вселената. Од неговата страна, градоначалникот Чадиев беше запознаен со сите досегашни истражувања и добиенти резултати од нив. Инаку Милтон Венрајт бил почесен универзитетски професор во Велика Британија и Саудиска Арабија. Од 2012 година е почесен професор во Бекингамскиот центар за астробиологија, на универзитетот во Бекингем, Обединетото Кралство. Има неколку значајни откритија од областа на микробиологијата, за бактерии и други микроби кои предизвикуваат рак и други болести.