Потпишан договорот за збратимување со Бига

Изминатата недела делегација од Општината Велес предводена од Градоначалникот Славчо Чадиев и членови на Советот, оствари посета на Општина Бига од Република Турција.
Целта на посетата беше потпишувањето на Договорот за збратимување и взаемна соработка. На договорот свој потпис ставија двајцата градоначалници, Славчо Чадиев и Исмаил Ишик. Претходно Советите на општините Велес и Бига за таа цел донесоа и Одлуки за збратимување.

По срдечниот прием на доста високо ниво од страна на домаќините, средбата со турските колеги беше искористена за продлабочување на пријателството и креирање на нови значајни проекти. При посетата беа отворени и повеќе прашања од областа на економијата, културата, образованието и други области во кои може да се промовира искрена и пријателска соработка.
Инаку Велес и Бига ги поврзува историската личност Хамдибеј Велешанецот кој по потекло е од Велес а неговиот лик и дело е од големо значење за турскиот народ и историја. Општина Велес и во наредниот период ќе вложи максимални напори пријателските врски помеѓу двата града да се прошируваат, да се негуваат и да се зголемуваат.