Во индустриската зона „Карслари” се уредува инфраструктурата
Во индустриската зона „Караслари” каде наскоро се очекува да започне со работа првата фабрика на германската компанија „Маркарт” а истовремено се градат и другите капацитети, се превземаат активности за инфраструктурно доуредување. За таа цел, овие денови интензивно се работеше на асфалтирање и уредување на пристапниот пат.
Претходно од страна на локалната самоуправа беше изграден и водоводен и канализационен систем за потребите на стопанските објекти кои се градат.
Во оваа индустриска зона која се наоѓа на доста атрактивна локација во близина на автопатот досега беа продадени 6 парцели. Се очекува во неа свое вработување да обезбедат околу 1.000 луѓе.