Силен аплауз од велешани за настапот Ансамблот „Танец“
Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, во рамките на проектот „Велес-Град на културата за 2015 година”, вчеравечер во преполната сала на Народниот театар „ЈХК Џинот” одржа концерт кој од многубројната публика беше поздравен со бурен аплауз и овации.
Единствениот национален ансамбл, кој шест денеции претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура, пред публиката ги презентираше најпрепознатливите етнокореолошки традиции, како и уникатните носии кои се вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство.