Денес семејството Ангелови од с. Мамутчево го добија новиот трактор „ЗЕТОР“ преку ИПАРД фондот
Денес семејството Ангелови од с. Мамутчево го добија новиот трактор „ЗЕТОР“ преку ИПАРД фондот. Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.