Велес го одбележа Светскиот ден на бегалците 20-ти Јуни

Светскиот ден на бегалците Републичкиот Црвен крст го обележа паралелно во Велес и Гевгелија со анимирање на јавноста за потребата луѓето да им помогнат на оние кои се приморани да го напуштат родното огниште. Во Велес, на платото пред Народниот театар активисти на ОО на Црвен крст на граѓаните им делеа промотивен материјал и пораки со апел за хуманост, а присутни беа Градоначалникот на Велес, м-р Славчо Чадиев, претставници на УНХЦР, УНДП, Републичкиот Црвен крст и бројни граѓански организации.

Одбележувањето на овој ден има за цел да го насочи вниманието врз пошироката јавност секаде во светот, кон луѓе кои под присила ги напуштиле своите домови.
Оваа година Светскиот ден на бегалците се одбележува под мотото „И ЈАС СУМ ЧОВЕК“
Многу мал број на бегалци се вратиле во своите домови, а причините се воглавно поради недоволната безбедност и основните животни услови.
Земјата која за нив некогаш била дом, сега е место на страв и несигурност. И покрај страдањата, бегалците никогаш не се откажале од сонот за својот дом, како и за семејство, прифаќање, безбедност и најважното чувството на припадност.
Во Република Макдеонија во моментот транзитираат околу 300 мигранти од Сирија и други држави, додека од почетокот на оваа година до денес се регистрирани околу 800 мигранти кои секојдневно се во потрага по подобро утре и посветла иднина.
Сепак, сите нив ги поврзува надежта за подобра иднина и шанса одново во мир да започнат со своите животи.