Се реконструираат улиците во центарот на градот
Во центарот на градот денес започнаа интензивни градежни работи за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур”. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес во рамките на својата работна агенда направи увид на активностите и обиколка на теренот.
Од негова страна беше истакнато дека е од она што го гледа во моментот, бидејќи со овој зафат во наредниот период значително ќе се подобри инфраструктурата и квалитетот на сообраќајот во централното градско подрачје. Поради затворањето на двете улици, сообраќајот е пренасочен. По улицата „8-ми септември” од Сармаале до кружниот тек се вози во двете насоки. Овој режим на сообраќај ќе биде само денес. Од утре ќе следува нормализација.