17-ТО ЗАПЛОВУВАЊЕ НА „ВАРДАРСКА РЕГАТА ГЕМИЏИИ“
По повод 17-тото издание на манифестацијата „Вардарска регата - Гемиџии’, денес градоначалникот Славчо Чадиев и организаторите од Здружението Вардарска регата „Гемиџии” oдржаа прес конференција на која детално беше презентирана програмата на манифестацијата.
Овогодинешната регата се организира по повод 112 години од солунските атентати. Регатата ја сочинуваат една гемија и 14 чамци во кои 100 лица ќе пловат по водите на Вардар, а останатите учесници ќе им бидат логистичка поддршка по копнен пат.
Организаторите проценуваат дека нивото на реката годинава е добро. Има доволно вода за лесно и брзо да се стигнува до зацртаната цел. Свеченото поаѓање е во Четврток од 9 часот пред споменикот на Гемиџиите на Малото мовче.
Општина Велес и оваа година е покровител на манифестација за која има делегирана надлежност Здружението на граѓани “Вардарска регата Гемиџии“ - Велес, задолжено за нејзино организирање.