ХРВАТСКИОТ АМБАСАДОР ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Амбасадорот на Хрватска Златко Крамариќ денес имаше работна посета на Општина Велес.
На средбата, градоначалникот Славчо Чадиев го запозна Крамариќ со вкупните состојби во градот и напорите кои се вложуваат од страна на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот на граѓаните.

Двајцата соговорници на средбатата ги разгледаа можностите за понатамошна соработка помеѓу Општина Велес и Амбасадата на Република Хрватска. Пред хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ, од страна на градоначалникот Чадиев беа презентирани и тековните активности на општината, како и идните проекти што ќе бидат реализирани во 2015 година. На амбасадорот Крамариќ наскоро му завршува мандатот. Него ќе го замени Даниела Баришиќ, портпарол на Министерството за надворешни работи на Република Хрватска.