Заврши Вардарската регата „Гемиџии“
Поминувајќи над сто километри на гемија и чамци, 100-тината учесници на Вардарската регата „Гемиџии“, предводени од градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес, пристигнаа во Гевгелија. На крајната дестинација гемиџиите на новото време ги дочекааградоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.
Учесниците во регатата кои истовремено пристигнаа на целта изразија задоволство од можноста на овој начин да ја продолжат традицијата на Гемиџиите а истовремено и да уживаат во пловењето по Вардар. Годинешната Вардарска регата се одржува по 17-ти пат од кога е започната во 1984 година. Истата е во чест на 112 години од делото на Гемиџиите.